Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за поранешен началник на Одделение за обезбедување на Влада – еве за што се терети

Policija Mvr2.png
Dik 300x250 mk

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Б.З., поранешен вработен во МВР, на работно место началник на Одделение за обезбедување на Влада на РМ, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба“ по член 353 од КЗ.

Пријавениот, како началник на Одделение за обезбедување на Влада на РМ, ја злоупотребил службената положба и овластување на начин што на полициски службеник вработен во Одделението со кој што раководел, му овозможил да се стекне со право за исплата на бонус плата за 2023 година иако не го исполнил условот утврден во Законот за работните однос, односно да нема отсуство од работа повеќе од 21 ден во текот на годината.


Пријавениот, полицискиот службеник го ставил на списокот на полициски службеници кои ги оствариле условите за исплата на бонус плата за 2023 година врз основа на што на полицискиот службеник му било изготвено решение со кое му било утврдено право за исплата на бонус плата за 2023 година и му биле исплатени пари на неговата трансакциска сметка во износ од 36.614 денари, во кој износ го оштетил буџетот на Министерството за внатрешни работи.

Можете да прочитате

ЗНАМ со порака до ВРЕДИ: Чесно ве поддржавме, а вие не изигравте

Владата го достави предлог буџетот за 2026 година тежок 6,75 милијарди евра

Сиљановска-Давкова: Изборите беа сосема во ред, да се размисли за ограничување на градоначалничкиот мандат