Утрински Весник
Спорт

Гвардиола: Манчестер сити е во ризик да не се пласира во ЛШ

20241226090007 Big 730x400 47.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, пред натпреварот од 18. коло од Премиер лигата против Евертон истакна дека неговиот тим ризикува да не се пласира во Лигата на шампионите на крајот од сезоната.

– Сега ризикуваме да не влеземе во Лигата на шампионите… Секако дека е така! Дефинитивно. Манчестер сити мора што поскоро да почне да освојува бодови и да победува, во спротивно нема да се пласираме во Лигата на шампионите, изјави Гвардиола за „Би-би-си“.


Натпреварот помеѓу Манчестер сити и Евертон ќе се игра попладне со почеток во 13:30 часот.

Тимот на Гвардиола има 27 бодови од 17 натпревари во Премиер лигата и се наоѓа на 6. место во поредокот. Лидер е Ливерпул со 36 бодови.

Можете да прочитате

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Наполи поразен во Удине – 24info.mk

Турнејата на Меси низ Индија започна во хаос, лутите навивачи фрлаа седишта на теренот