Утрински Весник
Скопје

Приватните превозници до ЈСП: Без исплата на долгот нема автобуси

Privaten Avtobus Javen Prevoz 696x522 1.jpg

Приватните превозници тврдат дека ЈСП има долгови кон нив што датираат од јуни годинава, поради што тие се доведени во финансиски тешка состојба. Иако Советот на Град Скопје неодамна донесе одлука за зголемување на исплатата по километар за приватните превозници на 20 денари, тие сметаат дека тоа е само мал чекор напред. Целосната исплата на долговите останува нивен основен услов за повторно активирање на автобусите, пишува Плусинфо.

„Зголемувањето на исплатата по километар е добредојдено, но тоа не ги решава нашите главни проблеми. Без исплата на долговите, не можеме да работиме, бидејќи и ние имаме обврски кон нашите добавувачи,“ изјавија претставници на приватните превозници по усвојувањето на новата тарифа.


На последната седница на Советот на Град Скопје беше усвоена одлуката за првпат по 2015 година да се зголемат исплатите за приватните превозници. Иако тие бараа зголемување од 30 денари по километар, Советот одобри зголемување од 20 денари, што беше оценето како позитивен чекор, но недоволен за решавање на актуелната криза.

Прекинот на приватниот превоз предизвика метеж и доцнења во претходните месеци, а се очекува состојбата да се влоши, особено во утринските и попладневните шпицови. Намалениот број автобуси на линиите создава дополнителен хаос, додека граѓаните бараат итно и ефикасно решение од градските власти.

Можете да прочитате

Град Скопје ја објави програмата за Нова Година

Смарт таблети и новогодишни пакетчиња за децата и учениците од општина Илинден

ЈСП: Бесплатниот јавен превоз ќе важи и во јануари, студентите и пензионерите од утре може да ги продолжуваат билетите