Утрински Весник
Македонија

Левица: Претседателката Давкова да го искористи правото на вето за двојазичните лиценци изгласани од ДПМНЕ

Levica.webp.webp

Интегрален текст од соопштение за јавност на Левица:

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова е на крстопат: дали ќе ја исполни својата уставна обврска и ќе го заштити правниот поредок или ќе го аминува грубото кршење на Деловникот и Уставот од страна на власта? 
Измените на Законот за заштита на децата, со кои се воведуваат двојазични лиценци во градинките, се донесени со флагрантно кршење на собраниските процедури преку ненадлежната Комисија за енергетика – чин што Претседателката, како поранешен пратеник, остро го осудуваше.


Токму таа, која во минатото ги критикуваше ваквите погазувања на парламентарниот процес, сега е во позиција да го спречи нивното продолжување. Но, ќе остане ли доследна на своите зборови или ќе се претвори во уште еден нем претседател кој ги аминува штетните политики на власта? Потпишувањето на Указот ќе значи дека ги напушта своите предизборни ветувања, го погазува своето достоинство, професионални достигнувања и се приклучува на линијата на поранешниот претседател Пендаровски – симбол на поданички однос кон владејачките структури.

Воведувањето на двојазични лиценци е дел од пошироката стратегија за разградување на унитарноста на државата преку паралелни институции, поддржана од неуставниот закон за двојазичност. Претседателката, како професор по уставно право, одлично ги разбира опасностите од ваквите политики, но дали ќе има храброст да застане против нив? Нејзината одлука сега не е само прашање на потпис, туку тест на најзиниот интегритет и доследност.

Левица ја повикува Претседателката Сиљановска – Давкова да го искористи своето уставни право на суспензивно вето и да не го потпише Указот за прогласување на измените на Законот за заштита на децата, односно да го спречи воведувањето на двојазични лиценци!

Можете да прочитате

Конкурсите за вработувања во здравството ќе се распишуваат во јануари

Петрушевски: Криминалот во Лотарија се шири, Груби и Перпарим злоупотребиле многу повеќе од 8 милиони евра

СДСМ бара оставка од членката на ДКСК, Цвета Ристовска