Утрински Весник
Спорт

Бобан Илиоски и Милијана Рељиќ се најдобрите спортисти на Македонија за 2024 година

Sportist 2024 12 768x496.jpg.webp.webp

Кикбоксерот Бобан Илиоски и таеквондистката Милијана Рељиќ се избрани за најдобри спортисти на Македонија во 2024 година, на манифестацијата во организација на Министерството за спорт.

Таеквондо федерација на Македонија е избрана за најдобра спортска федерација за годината што изминува.


Најуспешен тренер/селектор за 2024 година е селекторот на машкиот ракометен тим, Кирил Лазаров.

За млада спортистка на годината е избрана ракометарката Ива Младеновска, додека најдобар млад спортист е кикбоксерот Силвио Мировски.

Најуспешен женски национален тим за 2024 година е ракометната репрезентација, а и ракометарите беа избрани за најдобри во машка конкуренција.

За најдобар спортист со инвалидитет е прогласена Оливера Наковска Бикова, спортско стрелаштво.

Посебна награда доби најдобрата ракометна судиска двојка Ѓорѓи Начевски/Славе Николов.

Можете да прочитате

Вардар се засили и со Димитар Тодоровски

Гвардиола: Манчестер сити е во ризик да не се пласира во ЛШ

Томпсон се искачи на петтото место во историјата на НБА во постигнати тројки