Утрински Весник
Македонија

Забрани за камиони на патните правци Тетово – Попова Шапка, Стража, Маврово и од село Узем до граничен премин Деве Баир

Sneg Straza 1.jpg

Забрани за движење на тешки товарни возила има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, на планинските превои Стража, Маврово и од село Узем до граничниот премин Деве Баир, соопшти вечерва ЈП Македонијапат.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот.


Во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

АМСМ во попладневниот извештај информира дека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Предлогот Азир Алиу да биде министер за здравство утре пред пратениците, Владата од него очекува макотрпна работа и посветеност

Наодите на СДС дека е набавен софтвер за прислушување во МВР се брутална лага

Наместо да фабрикуваат списоци, СДС да каже како 9 милиони евра од набавка на јаглен завршиле кај фирма на Заев блиска до Филипче