Утрински Весник
Македонија

Тошковски открива: Со пари од „Државна лотарија“ се купувале имоти во земјата и странство

Pance Toskovski.jpg

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во синоќешното интервју за ТВ Алсат рече дека со проневерените пари од АД „Државна лотарија“, како што рече, се купувале скапи имоти во земјата и во странство.

Тој рече дека во истрагата, поради која во странство избегаа поранешниот вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на „Државна лотарија“ Перпарим Бајрами, се вклучени институции од Финансиската полиција, Финансиското разузнавање, Царината, УЈП и Министерството за внатрешни работи.


-Се прибираат многу сериозни индиции, многу докази, голем број докази, така што овој случај навистина ќе биде еден од најинтересните случаи од гледна точка на белосветскиот криминал што сме го имале во историјата на Македонија, поврзано на предметното правно лице, изјави Тошковски.

Тошковски потврди дека има информации дека имотот во и надвор од Македонија наводно бил купен со приноси од криминал.

-Има информации дека со незаконски стекнати финансиски средства се купени многу имоти на многу локации, не само во Македонија, рече министерот.

Тошковски сподели и детали за бегството на Груби преку граница со дипломатско возило. Според него, граничната полиција направила кардинална грешка што не видела на компјутерот дека Груби е на Стоп-листата, а потоа немала можност да ја поправи грешката.

Можете да прочитате

Поради снежни наноси непрооден патот од Крива Паланка кон ГП „Голема Црцорија – Голеш“

Сиљановска – Давкова именуваше претседател и членови на Комисијата за одликувања и признанија

Владата најави изградба на втора жичница од Капиштец до врвот на Водно