Утрински Весник
Македонија

Обвинителство со детали за „Организаторите на 27 април“: Ние доставивме мислење, одлуката е на Судот

Obvinitelstvo 1.jpeg

Со оглед на интересот на јавноста во врска со денешното рочиште по предметот познат во јавноста како „Организатори на 27ми април“, а во поглед на важењето на Законот за амнестија за дел од обвинетите во предметот, во насока на објективно информирање, Ве известуваме дека Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапувајќи по барањето на Основниот кривичен суд Скопје достави мислење во однос на поднесените барања од обвинетите против кои се води постапка во однос на примената на Законот за амнестија.

Мислењето е донесено врз основа на заземен став на Стручниот колегиум на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија во проширен состав, откако со напатствија на Апелацискиот суд Скопје, Основниот кривичен суд Скопје беше задолжен да се произнесе во поглед на важењето на амнестијата за дел од обвинетите. При носењето на мислењето, јавното обвинителство ја имаше предвид и правната аргументација од веќе донесеното решение на судот од 20.12.2018 година со кое еден обвинет беше ослободен од гонење за кривичното дело – Терористичко загрозување на уставниот поредок од чл.313 од КЗ пред фазата на изведување на докази.


Во мислењето се истакнува дека барањето на одбраната на обвинетите за примена на законот не може да се спори, дотолку повеќе ако се земат предвид обвинетите и осудените што веќе се амнестирани. Ваквото мислење јавниот обвинител детално го образложи, пред сѐ имајќи ги предвид обележјата на кривичното дело „Терористичко загрозување на уставниот поредок“ и својството во кое секој од обвинетите ги исполнил тие обележја, а кое својство е клучно за оценка дали може или не може да се примени институтот од Законот за амнестија.

Обвинителството во мислењето на јасен начин се произнесе во однос на примената на Законот за амнестија истакнувајќи:

„Обвинетите бараат примена на овој закон, кое нешто како уставно право секако им припаѓа, да се повикаат на примена на институтот кој е отелотворен во донесениот закон за амнестија. Оттука барањето на одбраната за примена на законот, за нивен еднаков третман пред законот како и останатите осомничени и обвинети кои добија амнестија врз основа на истиот закон е нешто кое не може да се спори“.

Почитувајќи ги законските одредби и имајќи ги предвид ограничувањата при примената на законот, обвинителството темелно ги образложи причините за своето мислење со кое наоѓа дека кај тројца од обвинетите законските одредби налагаат амнестија, додека кај еден обвинет не може да се примени овој правен институт, бидејќи за истиот важат исклучоците од амнестијата која ја дал законодавецот со своето законско решение.

Во секој случај имајќи ја предвид фазата во која се наоѓа оваа постапка, обвинителството е обврзано според Законот за амнестија да даде мислење, но судот ја носи конечната одлука по свое наоѓање и убедување како краен арбитер. ​ ​

Можете да прочитате

УЈП ги повикува угостителите да ги почитуваат законските обврски при организирање новогодишни прослави

Братот на исчезнатата Лидија: Нема бегство со „кумот“, тој е тука и полицијата го знае

Снежна покривка има на повеќе места и градови во Македонија – И понатаму ќе има нов снег!