Утрински Весник
Македонија

Честитка од претседателката Давкова до верниците кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар

Siljanovska Davkova Komisija Za Pomiluvanje.jpg

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Епарх Струмичко-скопски и до сите верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар.

Почитувани,


Ми претставува особено задоволство на сите верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар, да ви го честитам денот на Христовото раѓање – Божиќ.

Искрено посакувам најсветлиот ден да внесе мир, љубов и радост во вашите срца и да вроди верба и надеж за похумана иднина.

Божиќ е симбол на ново раѓање, нов и поубав живот. Тој нè потсетува на безусловната љубов, дарувањето и заедништвото и ни дава духовна сила и спокој.

Радувајќи им се на празничните денови во топлината на нашите домови и во кругот на најблиските, да не заборавиме на нашиот заеднички дом – татковината.

Да го чуваме и почитуваме нејзиното достоинство за да бидеме и самите достоинствени и почитувани!

Честит Божиќ!

Можете да прочитате

Тешко повреден мотоциклист, изгубил контрола и удрил во заштитна ограда

Андоновски: Нашата цел е електронските услуги да стигнат до секој граѓанин

Притвор и куќен притвор на двете вработени во АД „Државна лотарија“ за проневера на 1,3 милиони евра