Утрински Весник
Македонија

Потпишан Mеморандум за соработка помеѓу Министерството за социјална политика, демографија и млади и Универзитетот „Мајка Тереза” 

2 12 24.jpg

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани и ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза”, проф. д-р Изет Зеќири денеска потпишаа Меморандум за соработка помеѓу Министерството за социјална политика, демографија и млади и Универзитетот „Мајка Тереза”-Скопје.

„Меморандумот е потврда за нашата подготвеност за заедничка соработка во функција на обезбедување взаемна помош, поддршка и услуги при изготвување, раководење и реализација на заеднички проекти, планови, активности и иницијативи што ќе го поттикнуваат локалниот и регионалниот развој, посебно во областа социјалната политика, демографија и млади”, рече министерот Лимани и дополни: „Денешниот потпис претставува само почеток, а соработката која следува ќе биде основа за раст и иновации”.


Со Меморандумот, предвидено е дека соработката помеѓу Универзитет „Мајка Тереза” во Скопје и Министерството за социјална политика, демографија и млади ќе се остварува преку размена на научни и стручни искуства и знаења; давање на стручни мислења поврзани со социјалната политика на сите нивоа; изработка на ревизии, припрема на проектни решенија и проектна документација; меѓусебна соработка и поддршка во организирање и реализирање на стручни и научни конференции, семинари, тркалезни маси, работилници, летни школи и друго; соработка во реализација на научно-едукативните програми и реализирање на практичната настава за додипломски, постдипломски и докторски студии; поддршка, промоција и подигнување на свеста за улогата на социјалната политика, демографија и млaдите преку заедничка соработка и др.

Можете да прочитате

Спасовски: Обраќањето на Сиљановска Давкова не понуди визија за иднината на државата

Мицкоски: Уште од денеска ќе има реакција од страна на институциите, доколку трговците продолжат со неетичко и нечовечно однесување за зголемување на цените на одредени продукти

МОН: Исплатени ученичките и студентските стипендии