Утрински Весник
Економија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ беа креатор на двоцифрената инфлација која го изеде стандардот на граѓаните

Vmro.jpeg

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Во време на СДС за мега реформа беше што се фалеа дека поефтиниле цените на раковите, школките и октоподите, а се зголемија цените на брашното, шекерот и лебот.


СДС нема право да зборува за цени на производи затоа што тие беа креатор на двоцифрената инфлација, која го изеде стандардот на граѓаните.

СДС беше и партијата која ги покачи платите на функционерите додека платите на работниците се намалуваа.

И на сето ова кога ќе се додаде енормниот криминал кој ортачки го правеа со ДУИ станува сосема јасно зошто Македонија ја клекнаа на колена.

Сега поефтинија цените над 1100 производи, и тоа ќе продолжи.

СДС на овој начин ни кажува дека е против намалените цени за граѓаните.

Државните институции ќе излезат на терен и треба да се казнат сите оние кои печалат на грбот на граѓаните. И тоа е разликата од фунцкионирањето на законите сега споредено со времето кога СДС ја ограбуваше државата.

Можете да прочитате

РЕПЛЕК: Идната година планираме раст на приходите за 25%, засилени инвестиции во иновација и проширување на производството

Панел дискусија „Предизвиците на пазарот на трудот и поддршката на малите бизниси“

Наместо мерки им даде препораки, па сега Мицкоски им се налути на трговците што растат цените на производите