Незапаметената трагедија во петокот ја шокираше, разбесне и најмногу ја растажи Хрватска, но и многу соседни земји.
19-годишен млад ментално болен упаднал во основното училиште Пречко и почнал да ги боде учениците. Едно 7-годишно дете почина. Станува збор за ученик од прво одделение во кое упаднал напаѓачот. Според родителите, и тој ученик му се спротивставил на убиецот за да ги заштити своите соученици.
Тешко повредена е и неговата учителка која има 62 години и за која ова беше последна генерација пред пензија. И таа била избодена со нож во обид да спречи напад врз учениците. Ранети се уште три деца. Тешко е повреден и напаѓачот, кој по нападот побегнал во блискиот Здравствен дом и таму се обидел да се самоубие. Полицијата го спречила во тоа.
На социјалните мрежи се објавуваат пораки за поддршка за храбрата учителка која застанала пред напаѓачот со нож во рака. Таа се обидела со своето тело да го спречи и да го држи што подолго, а со тоа им дала можност на децата да избегаат. Децата ги искористија тие неколку моменти и побегнаа како и каде знаеја, некои низ прозорец, некои низ врата, објави Индекс.хр.
Како што објавија некои медиуми, наставничката имала над 30 убоди.
Повредената наставничка е извадена од механичка вентилација и добро закрепнува. Како што објавија хрватските медиуми, од болницата соошштиле дека таа е стабилна, а вчера веќе и била пружена психолошка помош.
Трогнат сум од храброста и смиреноста на ранетиот наставник, кого се надевам дека ќе го посетам кога е можно, но и на другите наставници и вработени во училиштето во овој трагичен настан, се вели во пораката на градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, упатена до родителите и вработените на основното училиште каде што се случи трагедијата.