Утрински Весник
Македонија

СТУДЕН БРАН ВО МАКЕДОНИЈА: Денешното утро донесе најниска температура од -6 степени, снежната граница се спушта!

Meteoalarm.mk 17.png

Денешното утро во Македонија донесе значително пониски температури, и тоа поради што од север започнува да се спушта значително постудена воздушна маса, која во текот на денов врнежи од снег ќе донесе понекаде  и во градовите, особено во западните  и во северните предели од Македонија. Во Скопје снег ќе врне на околните планини, како и во повисоките делови од котлината.

Најниска температура од -6 степени ова утро до 7 часот е измерена на Попова Шапка, а во исто време од градовите најстудено е во Крушево со -1 степен. Највисока минимална температура ова утро до 7 часот е измерена во Гевгелија, и тоа 6 степени. На Попова Шапка снежната покривка изнесува 34 сантиметри, во Маврово 29 сантиметри и на Ѓуриште 7 сантиметри.


На табелата можете да ги погледнете  и останатите минимални температури измерени утринава до 7 часот по градови и места во Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.

Уште да напоменам дека до 7 часот утрово најмногу воден талог има наврнато во Пожаране, и тоа 28 литри на метар квадратен

Можете да прочитате

„Europe House“ го одбележа Светскиот ден на поезијата со неколку настани низ државата

Намалена видливост до 50 метри поради магла на патниот правец Попова Шапка – село Лисец

Исчезнат Македонец во Благоевград – Татко очајно бара помош