Утрински Весник
Балкан

Насилници го нападнаа во Белград Драган Ѓилас, лидер на ССП

20241220080403 Big 730x400 44.webp.webp

Лидерот на Српската партија за слобода и правда (ССП), Драган Ѓилас е повреден во Белград во тепачка што избила синоќа откако видел како луѓе лепат плакати против него.

Ѓорѓе Алексиќ, функционер од таа партија, кој бил со него, исто така е повреден откако бил нападнат по што двајцата побарале помош во Ургентниот центар во Беглрад.


„Драган беше нападнат пред малку од овие режимски насилници…Твојата фаланга, нели, Александар Вучиќ? Што сакаш да почнеш? Бедни кукавици. Дење глумиш светец, а ноќе праќаш насилници да кршат глави“, напиша Мариника Тепиќ, потпретседателка на ССП на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер). Таа посочи дека предводник на насилниците бил Лука Петровиќ, висок функционер во СНС која е на власт, и е градски секретар за инвестиции.

Можете да прочитате

“На училиштата им е потребна дополнителна безбедност“: Пленковиќ по убиството во Загреб

Мајката на напаѓачот од Загреб открива детали: Го молев лекарот да не го пушта од психијатрија

Во Хрватска утре е ден на жалост