Утрински Весник
Свет

Трамп избра тврдокорна републиканка за да ја води ВОА – медиум финансиран од владата

20241212083505 Big 730x400 67.webp.webp

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека ја избрал Кeри Лејк, поранешна водителка на вести и републиканка која не успеа да освои место во Сенатот минатиот месец, за директор на медиумот Глас на Америка финансиран од американската влада.

Во објавата на неговата страница „Truth Social“, Трамп објави дека Лејк „ќе обезбеди фер и прецизно емитување на американските слободарски вредности низ светот, наспроти лагите што ги шират медиумите за лажни вести“.


Лејк, верен поддржувач на Трамп која ги повтори неговите лажни тврдења за измама на изборите во 2020 година, ја загуби трката за гувернер во 2022 година во државата Аризона, а претходно беше водителка на Фокс 10 со седиште во Феникс.

Гласот на Америка (VOA) е меѓународна медиумска компанија што работи на повеќе од 40 јазици онлајн и вклучува радио и телевизија.

За време на неговиот прв мандат, Трамп се судри со Гласот на Америка и ги обвини за засилување на кинеската пропаганда. 

Можете да прочитате

Зеленски ги посети украинските сили во близина на фронтот на југот од земјата

Руте: Не сме подготвени за тоа што го подготвува Путин

Магазинот „Тајм“ го избра Трамп за личност на годината