Утрински Весник
Свет

Погодени полициски бараки во Чеченија, има ранети; Кадиров: Патетична акција

F27de3d3 347d 46fb B65e B3aa55d14155.jpg

Украински дрон удри во покривот на полициската касарна во руската кавкаска област Чеченија, при што беа повредени четири лица, изјави чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, што е втор ваков инцидент за една недела.

„Дронот детонираше во воздух, го оштети покривот и ги скрши прозорците“, напиша Кадиров на апликацијата за пораки Телеграм за инцидентот во главниот град на регионот, Грозни.


„Паѓањето на урнатините предизвика мал пожар кој брзо беше изгаснат. Четворица припадници на единицата што ја обезбедуваа зградата се здобија со полесни повреди“, додаде Кадиров. Чеченскиот лидер минатата недела изјави дека дрон удрил во покривот на полициски објект, иако не е јасно дали се работи за истата зграда.

Во октомври, покривот на воениот центар за обука во чеченскиот град Гудермес беше запален, во првиот напад од украинско беспилотно летало насочено кон Чеченија од почетокот на војната во февруари 2022 година.

Во септември Кадиров се пофали дека Чеченија, која има околу 1,3 милиони жители, испратила околу 47.000 војници во Украина од почетокот на војната. Кадиров е познат по неговата апсолутна лојалност кон Путин и постојано го изразува своето уверување дека Путин треба засекогаш да остане претседател на Русија.

„Нема да бидам изненаден ако украинската нацистичка команда гласно им извести на своите западни господари за колосалните резултати од грандиозната специјална операција. Тоа е единствената поента на таква патетична акција“, изјави шефот на Чеченија по последниот украински напад.

Според него, ваквите обиди „само ја зајакнуваат вербата во победа и желбата за брза пресметка со непријателот“. Кадиров, исто така, извести дека резерва од 84.000 доброволци и борци од единиците од Чеченската република е подготвена да оди во првите редови веднаш штом ќе ја добие наредбата.

Можете да прочитате

Трамп избра тврдокорна републиканка за да ја води ВОА – медиум финансиран од владата

Производите на прехранбените гиганти поттикнуваат зависност кај децата, поднесена тужба во САД

Нѐ чека уште едно пеколно лето, научниците предвидуваат дека 2025 ќе биде една од најтоплите во историјата