Утрински Весник
Македонија

Потврдени се сомнежите за несоодветно лекување на Онкологија, а постојат и сомнежите дека пациенти не добивале терапија, вели Обвинителството

Onkologija.jpg
Dik 300x250 mk

Пациенти биле несоодветно лекување на Онкологија, потврдиле вештачењата кои Обвинителството ги добило од соседна Србија. Ова на брифинг со новинарите, го соопшти скопското Обвинителство, кои посочија дека се чека и второ вештачење кое се прави во Словенија. И натаму опстојуваат сомнежите дека на некои пациенти не им е давано терапија, иако е препишувана на нивно име.

„Испративме истории во Србија, околу 16 истории со што тоа вештачење е изготвено и ние доставено на нас. Другото вештачење по однос на останатите 51 историја – тоа се уште не е готово и имаме прелиминарен извештај дека до крајот на јануари ќе биде готов и тој извештај“, велат од скопското Обвинителство и додаде:


Нашите сомнежи по однос на несоодветно лекување се потврдени со вештачењето од Србија, а другото вештачење не можам да го коментирам. Се надевам дека тогаш би ја затвориле истрагата“.

Непотврдени останале сомнежите дека имало продажба на скапата биолошка терапија во странство. Шефот на скопското Обвинителство, Гаврил Бубевски, посочи дека истрагата за овој случај е при крај.

Можете да прочитате

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Плетвар црна сообраќајна точка – Доктор Лазаров сведок на страшната несреќа: 15 години лекар, вакво нешто немам видено

Издавачката куќа Бегемот објави нов роман од реномираниот новинар Ѕвездан Георгиевски!