Утрински Весник
Свет

Израел гранатираше две згради во Газа, загинаа најмалку 25 луѓе

Gaza Iz.jpg

Најмалку 25 Палестинци загинаа, а многу се ранети како резултат на израелските воздушни напади врз две станбени згради во централниот и северниот дел на Појасот Газа, јавува Анадолија.

Според очевидци, израелски воен авион бомбардирал трикатна зграда во близина на болницата Камал Адван во Беит Лахија во северниот дел на Појасот Газа.


Наведено е дека зградата била целосно уништена во нападот, а загинале 18 лица. Под урнатините се уште има 12 лица.

Во соопштението на болницата Ал Авда, се наведува дека седум лица загинале во израелското бомбардирање на станбена зграда во регионот Сафин, југозападно од бегалскиот камп Нусејрат.

Шест ранети се префрлени во болница.

Очевидци изјавија дека граѓаните и спасувачките екипи продолжиле со потрагата и спасувањето на луѓето кои останале под урнатините.

Можете да прочитате

Како почнаа судирите во Лос Анџелес?

Украинската војска соопшти дека извршила напад на рускиот воен аеродром Саваслејка

Четворица јапонски војници повредени во експлозија во американска воена база во јужна Јапонија