Утрински Весник
Свет

Голем пожар го зафати Малибу, загрозени се 18.000 луѓе

20241211080002 Big 730x400 33.webp.webp

Голем шумски пожар го зафати Малибу, во јужна Калифорнија, уништувајќи куќи и принудувајќи илјадници луѓе да се евакуираат една од најпопуларните области во САД, јавија американските медиуми.

Мултимилионските имоти, некои во сопственост на холивудски ѕвезди, се на траекторијата на пожарот, што брзо се прошири во текот на ноќта поради ветерот и сувата вегетација. 


Шерифот на округот Лос Анџелес, Роберт Луна, рече дека има околу 18.000 луѓе и повеќе од 8.000 имоти во загрозената област.

Кога пожарот почна да се шири во понеделникот вечерта. До вторник наутро, пожарот се прошири на повеќе од 900 хектари и се уште е надвор од контрола, а пожарникарите се обидуваат да го изгаснат од земја и од воздух.

Можете да прочитате

Канал 12: Нетанјаху му ветил на министерот Смотрич, по 60-дневниот прекин на огнот во Газа, ќе се врати во војната за да го уништи Хамас

Иранскиот министер за надворешни работи го исмејува Нетанјаху: Што точно тој пуши?“

Израелски сили уапсија голем број Палестинци при рации на Западниот Брег