Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно, магла по котлините и услови за слаб локален дожд

20241201170454 Big 730x400 36 1.webp.webp

Времето денеска ќе биде променливо облачно, по котлините со појава на магла и ниска облачност. Во јужните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 5, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 9 степени.

Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност и пониска дневна температура.

-Повремени врнежи од дожд, а на планините од слаб снег, ќе има во вторник, особено попладне и во вечерните часови, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Можете да прочитате

Гаши: Останувам во коалицијата „ВРЕДИ“

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата

Воз удри во автомобил кај Зелениково, има и повредени