Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Обидите за етнички поделби ги прави изолирана група на поранешни високи владини функционери

Mickoski Pres 8 12 2024.jpg

Премиерот Христијан Мицкоски на денешна прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање изјави дека обидите за етнички поделби ги прави изолирана група на поранешни високи владини функционери за кои постојат основани сомневања за сторен огромен криминал што набргу ќе почне да се обелоденува.

Премиерот рече дека единствената тема со која ДУИ се присутни во јавноста е да направат поделба на етничка основа и да ги третираат етничките прашања, затоа што на друг начин не можат да привлечат внимание.

„Пробаа со зелената агенда, видовте како завршија и се вратија сега во опозиција на единствената тема што за нив можеби носи реултат. Се обидуваат да ги поделат граѓаните и тоа јасно се виде кога од страна на коалицијата ‘Вреди’ беа покажани фотографии од високи претставници на ДУИ во друштво на насилниците кои го палеа државното знаме, што се потврдува и од информациите на МВР“, рече Мицкоски.

Премиерот истакна дека и ДУИ знаат дека 20 години самите поставувале судии, а во среда на седницата на Уставен нема да се случи ништо.

„Потоа ДУИ ќе излезат во јавност и ќе речат: ‘Ние правевме притисоци и затоа ништо не се случи’. Повторно ги злоупотребуваат Албанците со обид за поделба“, рече Мицкоски додавајќи дека власта ги предвидува нивните чекори, точно знае со кои групи комуницираат, а запознаени се и стратешките партнери.

Премиерот упати порака до сите граѓани – Македонци и Албанци, да бидат спокојни, најавувајќи дека ќе дознаат наскоро што се крие зад хајката на овие, како што ги нарече, политички профитери. Мицкоски очекува ДУИ да продолжат со политички маневри по етнички прашања и во иднина, но уверен е дека ќе бидат поразени.

Можете да прочитате

Влада: Во Буџетот се обезбедени 250 евра за електронски уреди за студентите и финансиска поддршка до 30.000 евра за младите 

На Попова Шапка најстудено и најмногу снег

Работен ручек со амбасадорите на земјите – членки на Европската Унија