Утрински Весник
Свет

Ердоган: Сирија мора да го пронајде мирот за кој сонува

Erdogan.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Сирија треба да го постигне мирот кој го посакува веќе 13 години, додека бунтовниците продолжуваат да го напаѓаат режимот на Башар ал Асад.

Тој истакна дека „сега има нова реалност во Сирија“ по молскавичното напредување на бунтовничките сили.

Говорејќи во Газиантеп, град на помалку од 100 километри од сириската граница, Ердоган рече: Нашата желба е нашиот сосед Сирија да ги постигне мирот и спокојството по кои копнее веќе 13 години. Сакаме да видиме Сирија во која различни луѓе живеат рамо до рамо во мир. Се надеваме дека ќе видиме таква Сирија во многу блиска иднина.

Ердоган потенцира дека Сирија е изморена од војна, крв и солзи и повика на зачувување на територијалниот интегритет на земјата.

Во исто време, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров заедно со своите колеги од Турција и Иран апелираше за итен прекин на борбите.

Анкара, која ги поддржува сириските опозициски сили, посебно е загрижена поради присуството на курдските сили на северот на Сирија, кои ги смета за терористичка закана.

Можете да прочитате

Грета Тунберг уапсена во Лондон за време на протест

Германија воведува задолжителна воена обврска од 2026 година

Писториус: Путин се обидува да го разниша НАТО одвнатре