Утрински Весник
Скопје

Во недела и понеделник бесплатен паркинг на повеќе локации во Скопје

Image 160483.jpg

Од Градски паркинг-Скопје ги известуваат корисниците на услуги дека за време на државниот празник Св.,,Климент Охридски”, недела 8.12.2024 и понеделник, 9.12 2024, неработен ден, на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, т.е. на зоните А, Б, Ц и Д, нема да се врши наплата.

Редовна наплата ќе се врши на:

– Зона А0- Водно,

– Катни гаражи: „Беко“ и „26ти Јули“ како и

– Јавните паркиралишта: Кочо Рацин, Треска, Градска Болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт и клинички центар Мајка Тереза.

Можете да прочитате

Синдикатот на културата излегува на протест

Меџити: Напредуваат работите на улицата „Ферид Мурад” – проектот добива форма од ден на ден

Герасимовски: Никој не е сам за Велигден – пакети со храна за семејства во социјален ризик