Утрински Весник
Балкан

Вучиќ: Опозицијата во Србија го следи патот на обоената револуција во Северна Македонија

20241203115047 Big 730x400 20.webp.webp

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека целта на протестите во Србија е насилно соборување на демократски воспоставената власт и дека опозицијата во Србија оди по патот на обоената револуција во Северна Македонија.

-Мислите дека е генијално тоа што ги обоивте бехатон плочите со црвена боја, кои нема да можат целосно да се исчистат? Дали мислите дека тоа беше нивна идеја? Најдете ги снимките од 2016 година, потполно истото сценарио во Северна Македонија. Потполно на ист начин го бојадисаа главниот плоштад во Скопје. Газдата и спонзорот секогаш беа исти, а жртви беа народите врз кои се правеа обоени револуции. Тоа нема да се случи во Србија, бидете сигурни, им рече тој на новинарите на конференцијата „Србија-Африка 2024: Достоинство“ во Белград.

Претседателот Александар Вучиќ со овие зборови предупреди на јасна паралела меѓу обоената револуција во Северна Македонија и актуелните акции на опозицијата во Србија.

Зборувајќи за учеството на студентите во блокадите, Вучиќ рече дека кога тој бил млад повеќе сакал да учи отколку да оди на демонстрации, наведувајќи дека трудот му се исплател, дека успешно завршил факултет и направил нешто во својата земја.

Можете да прочитате

САД загрижени за предлог законот за странски агенти во Србија

Родителите на бебињата закопани во близина на Вараждин биле членови на секта

Анкета на КОМС во Србија: Младите најмногу му веруваат на патријархот на СПЦ