Утрински Весник
Македонија

Крилото на Села: Нападите врз Албанците во Куманово се сценарио на „Српски свет”

Alijansa Za Albancite 1.jpg

Соопштение на Алијанса за Албанците (крило на Зијадин Села)

Вербалните закани, говорот на омраза и антиалбанската реторика поттикнати и од владини политички експоненти и националистички групи, почнаа на дело да се реализираат со напади врз Албанците и нивниот имот, како што беше случајот синоќа во Куманово каде беа запалеми канцеларија и три возила сопственост на Албанците.

За жал, како и во минатото така и сега, Куманова повторно е избрана за арена за опасни сценарија и следен удар врз Албанците.

По последователни настани, изјави започнати во текот на кампањата, владини одлуки, инциденти за време на празникот 28 ноември и сега со палењето на имотот на албанци во Куманово, јавно прашуваме кој стои зад целата оваа кампања и кој си игра со оган? Можеби таканаречениот „српски свет”, заедно со нивните слуги во Северна Македонија, сакаат слична дестабилизација како што се обидоа пред неколку денови во Косово.

Следејќи ги со загриженост состојбите и последните случувања, ги повикуваме граѓаните да бидат внимателни и да не станат плен на вакви провокации и сценарија, а Владата и надлежните институции итно да дејствуваат да ги спречат. Ги повикуваме албанските партии во Владата да стават крај на нивната авантура за која од почеток ги предупредувавме и да не станат марионети на нивните партнери кои отворено ги искажаа своите планови против Албанците, туку да се вратат кај народот заедно да ја запреме оваа опасна кампања.

Алијансата за Албанците ја повикува меѓународната заедница директно да интервенира за да се спречат ваквите настани и оваа кампања која ја загрозува не само земјата, туку и целиот регион.

Можете да прочитате

Се бара притвор за скопјанец кој тешко ја повредил сопругата при семејно насилство

Хаос во ГТЦ, вработени се жалат на мобинг, дали ќе излезат на протест?

“МЕТЕОАЛАРМ” НАЈАВА: Доаѓаат нови врнежи од дожд, снег, а снежната покривка на планините ќе се зголемува!