Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Мицотакис: Верувам дека Македонија ќе сфати дека не е во нејзин интерес да создава проблеми со Грција

Micotakis.jpeg
300x250 opst2

Верувам дека земјата ќе сфати дека не е во нејзин интерес да инсистира на ставот што создава проблеми со нејзиниот најголем сосед, кој исто така е и голем инвеститор во земјата и од кого очекува поддршка на европски пат, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за телевизијата „Антена“, говорејќи за односите со Македонија и уште еднаш ја повтори позицијата дека очекува јасен став од државниот и политичкиот врв дека го почитува Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис рече дека на Балканот, „за жал, сè уште постојат сили кои сметаат дека ќе имаат политичка корист ако ги разбудат старите духови на балканскиот национализам“, додавајќи дека ова „во голема мера се случи со актуелната Влада на Македонија, и во предизборниот период, но до одреден степен и по изборите“.

Ги повтори позициите за Договорот од Преспа што ги имаше пред Нова демократија да дојде на власт и уште еднаш посочи дека „името на државата е Северна Македонија, тоа не се оспорува, без разлика дали се претставува во странство или името се користи за внатрешна употреба“.

– Северна Македонија не може да избега од ова предвидување. Гледам во последните два месеци дека Владата до одреден степен го сфати тоа. Она што го очекувам, не само јас, бидејќи прашањето не е билатерално, се однесува и на Европа, до одреден степен се однесува и на НАТО, е многу јасна изјава на државниот и политичкиот врв дека почитувањето на Договорот од Преспа е целосно и дека името на земјата е Северна Македонија, без разлика дали го користат вон земјата или во внатрешноста на земјата. Верувам дека се движиме во вистинската насока, рече Мицотакис.

Можете да прочитате

Филипче: Владата на Мицкоски ја води државата во економски амбис, буџетска дупка од 1,4 милијарди евра

Неадекватното работење и криминалот на ДУИ ја урна куќата на Владо Малески, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Венко на власт и Венко во опозиција е различен за 180 степени