Утрински Весник
Скопје

Марковска Илиевска: Неспроведување на Одлуката на Советот е резултат на самоволието на Арсовска

Markovska Ilievska.jpg

Интегрален текст од прес-конференција на Анета Марковска-Илиевска, советник во Совет на Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ

Данела Арсовска и СДС вчера беа спречени во обидот да го блокираат и парализираат Скопје.

Јасна е работата. Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е градот Скопје да ги измени правилниците и цените по изминат километар за приватните превозници, а предлогот на СДС, поддржан од Левица и ДУИ е да се поскапи автобускиот билет за граѓаните.

На вчерашната седница на Советот се изгласа предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, и Данела Арсовска го поништи гласањето.

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ направија се што е во нивна можност да се реши проблемот со приватните превозници, се што требаше е Данела Арсовска да не води инает со Скопјани и да го спроведе Заклучокот донесен од Советот. Скопје не смее да биде блокирано заради инает на една личност.

Неспроведувањето на одлуката е резултат на самоволие и насилие на Данела Арсовска, поддржано од Левица, СДС и ДУИ. Поништувањето на легитимно и легално гласање постои во резимот на Чаушеску, во Северна Кореја и денес кај Данела Арсовска.

Ако нема решение до понеделник, какво и да е приватните превозници нема да сообраќаат и повторно нема да функционира јавниот превоз.

Скопјани да знаат која е адресата на виновникот за хаосот на улиците – Данела Арсовска и СДС.

Можете да прочитате

Герасимовски: Центар е лидер во локалната енергетска транзиција, до крајот на мандатот сите образовни објекти ќе добијат фотоволтаични централи

ЈП „Комунална хигиена“ го чисти просторот под Камениот мост

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради посета на делегација од Република Косово