Утрински Весник
Македонија

СДСМ: МВР под ВМРО-ДПМНЕ е неспособно и без контрола врз криминалот

448314775 789015946702594 802391780845283120 N 1.jpg

СДСМ остро ја критикува работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, обвинувајќи го за неспособност да управува со безбедносната ситуација во државата, што резултира со зголемен криминал и несигурност меѓу граѓаните. Според партијата, инцидентите кои го потресоа Скопје, вклучувајќи пукање и запалување на македонското знаме, се директна последица на хаосот што го создава раководството на МВР.

„Секојдневното пукање по улиците на Скопје е доказ дека МВР под водство на ВМРО-ДПМНЕ нема никаква контрола врз криминалот. Во изминатата година сме сведоци на повеќе од 20 вооружени инциденти, меѓу кои и убиства и обиди за убиства,“ порачаа од СДСМ.

Партијата истакнува дека неспособноста на Тошковски е очигледна, бидејќи МВР не успева да собере оперативни информации кои би овозможиле превентивно делување. „Безбедносниот систем е целосно парализиран, а министерот Тошковски избегнува одговорност и не презема конкретни чекори за да се врати контролата,“ додаваат од СДСМ.

СДСМ го обвини и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за инструментализација на безбедносниот апарат за свои политички интереси, поставувајќи неспособни кадри на клучните позиции. „Лидерството подразбира одговорност, а не кукавичлук и манипулации,“ истакнуваат од партијата, додавајќи дека ваквиот пристап го уништува безбедносниот апарат и ја зголемува несигурноста во државата.

Можете да прочитате

СДСМ објави 19 кандидати за градоначалници, Горан Герасимовски во Центар, Александар Трајановски во Аеродром

МЕТЕОАЛАРМ СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Силно невреме доаѓа во Македонија!

Помор на риби во Тополка, забележана пенлива материја