Утрински Весник
Македонија

Николоски: Од јануари нов пакет од 250 милиони евра владина подршка, општините да подготвуваат нови проекти

Nikoloski.webp.webp

Од почетокт на следната година општините да започнат да подготвуваат проекти за инфраструктура што ќе се финансираат од новиот пакет од 250 милиони евра, подршка за општините, порача вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.  

Тој истакна дека од владината подршка од 100 милиони евра,  голем дел од општините веќе распишале тендери за поднесените проекти и се очекува истите уште од следниот месец да започнат да се реализираат.

“Најголем дел од општниите кои што добија средства од Владата и тоа најголем дел преку министерството за транспорт веќе ги распишаа јавните набавки и тие се активни во овој момент. Очекуваме на почетокот на декември да имаат избрано изведувачи и доколку не послужи времето да почнат и во декември да работат.

Гледате дека воведуваме иновативни методи за работа, на пример на автопатот Охрид – Кичево ќе се работи цела зима преку таканаречено зимско асфалтирање. Така што со слични иновативни методи очекувам и општините во текот на зимата да работат и да се гледаат брзо резултатите, а веќе од јануари да се подготват за еден голем пакет од 250 милиони евра за проекти” истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Можете да прочитате

Закажан почетокот на судењето за Адитиви – на 37 обвинети ќе им се суди во судницата во Идризово

Обвинителката: Се враќаат по лопaтата оти ја заборавиле, тоа е јасен доказ дека планирале убиство на Вања

Од странство се враќаат четворица пациенти од пожарот во Кочани, 11 остануваат во странски медицински центри