Утрински Весник
Скопје

Пуштање во употреба на пешачката и велосипедската патека Матка – Шишево

Matka.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во рамки на проектот „Сарај и Лебане заедно за зелениот туризам – Green Tour“, денеска во општина Сарај ќе бидат пуштени во употреба пешачката и велосипедската патека Матка – Шишево.

Како што информира Општина Сарај, ова е прва директна инвестиција од Европската Унија во кањонот Матка преку Програмата за прекугранична соработка Србија – Северна Македонија. Ќе биде презентиран и напредокот и влијанието на проектот врз локалниот екотуризам.

Предвидени се обраќања на заменик-амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во Скопје Бен Нупнау и градоначалникот на Општина Сарај Илјас Весели. 

Можете да прочитате

Арсовска се жали на ДКСК за објавената листа на градоначалници

Нула смртност на скопските улици

Левица-Аеродром: Зимзоленд сеуште работи – 24info.mk