Утрински Весник
Македонија

„Велибор Манев рече дека тука има закопано човек, на едно место покриено со гранки“, сведочат полицајци

Vanja Gjorcevska Pance Zezovski 960x552 1 1.jpg

Велибор Манев ги однел полицајците до местото каде бил закопан велешанецот Панче Жежовски, сведочи полицаец од интервентната полиција кој го спровел Манев од полициската станица Кисела Вода до местото каде било закопано телото.

После испоставата на Македонија пат, Манев им објаснувал каде е закопано телото. Патот бил каллив и непрооден.

– Кога стигнавме рече дека тука има закопано човек, на едно место покриено со гранки. Патот беше каллив, непрооден, имаше многу дупки, се движевме пешки – рече сведокот.

Потоа, Манев го презеле полицајците од СВР Велес и по 15, 20 минути го вратиле Манев во Кисела вода.

Сведочеше и уште еден полицаец кој бил во возилото со Манев, местото било покрај некое дрво.

Извор: Слободен печат

Можете да прочитате

Голем пожар во поранешен „Декортекс“ во Радовиш – пожарникарите со натчовечка борба го ставија под контрола

Голем пожар во Радовиш, гори поранешна фабрика

Во автобус од Германија пронајдени непријавени 34.965 евра, приведени возачот и патник