Утрински Весник
Македонија

Петровска на Годишната сесија на Парламентарното собрание на Нато во Канада

468021766 1370342790955196 2938630255435234456 N.jpg

Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска викендов учествува на Годишната сесија на Парламентарното Собрание на НАТО, која се одржува во Монтреал, Канада.

„Утрово присуствував на состанокот на Комитетот за демократија и безбедност, каде што имавме продуктивна сесија со Харџит Сајан, министер задолжен за подготвеност за итни ситуации. Разговаравме за значајни теми, како што се борбата против дезинформациите, улогата на вооружените сили во справување со природни непогоди и зајакнување на односите со сојузниците.

На оваа средба ги усвоивме извештаите:

• Историјата и идентитетот под напад: Заштита на културното наследство во услови на конфликт,

• Влијанието на нестабилноста при снабдувањето со вода врз заедничката безбедност.

Во текот на денот продолжуваме со заеднички тематски состаноци на комитетите, со цел продлабочување на соработката и зајакнување на безбедносните приоритети на алијансата“ пишува Петровска.

Можете да прочитате

ЦУК: Активни четири пожари на отворен простор, шест локализирани и два под контрола

Влада: Оддаваме почит на сите невини жртви од геноцидот во Сребреница 

Нормализиран сообраќајот за камиони кон „Блаце”, на „Табановце“ се чека околу 30 минути