Утрински Весник
Свет

Писториус: Европа се соочува со долгорочна руска закана

Boris Pistorius.jpg

Европа се соочува со долгорочна закана бидејќи тековната руска инвазија на Украина „повеќе не е регионална војна“, предупреди германскиот министер за одбрана Борис Писториус, цитиран од ДПА.

Рускиот претседател Владимир Путин „одамна целосно се префрли на воена економија“ и земјата моментално произведува оружје и муниција за три месеци колку што прави целата Европска унија за една година, додаде Писториус.

Министерот го посочи говорот на Путин од крајот на октомври, во кој авторитарниот руски лидер говори за „сериозна, непопустлива битка за нов светски поредок“ и изјави дека веќе се смета себеси за победник во војната против Украинците.

Во исто време, хибридната војна против дезинформациите и лажните вести е во полн ек, рече Писториус, говорејќи на настан во западниот град Арнсберг организиран од Фондацијата „Фридрих Еберт“, која е поврзана со централно-левичарската Германска социјалдемократска партија.

„Нашата безбедност е кревка предност. Германија мора да го забрза темпото и да инвестира повеќе во својот воен капацитет, предупреди Писториус.

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме