Утрински Весник
Македонија

СЕОУГС Васил Антевски Дрен, Скопје – лауреат за Европската награда за иновативна настава (EITA) за 2024 година

Viber Image 2024 11 23 14 20 09 230.jpg

Средното економско и правно училиште „Васил Антевски Дрен“, е добитник на престижната Европска награда за иновативна настава ( European Innovative Teaching Award ) 2024, благодарение на нашиот извонреден Erasmus+ проект: “Подобро ментално здравје на учениците преку иновативни методи, техники и компетенции на наставниците”, кој беше препознаен како еден од најдобрите во Европа.

Ова признание е доказ за посветената работа на целиот наш тим и истакнува колку е значајна темата на менталното здравје и благосостојбата во училиштата.Ова е успех на сите нас – на учениците, наставниците, родителите и партнерите кои веруваа во нашата визија за образование кое го негува и умот и срцето- изјави Радојка Хелман Денковска, професор и координатор на проектот.

Темата на четвртото издание на оваа награда беше добросостојбата во училиштата, со фокус на градење образовна средина која обрнува внимание на потребите, чувствителноста и можностите на учениците, на тој начин зајакнувајќи ја училишната заедница како целина.

Наградата ги прикажува извонредните иновативни практики за настава и учење, имплементирани во рамки на програмата Еразмус+, а ја препознава и работата на наставниците и училиштата кои даваат извонредни придонеси во нивната професија.

Продолжуваме со заложби за подобра и поинклузивна иднина за нашите ученици! За доброто на сите, за доброто на нашите ученици!- истакна Тања Јовановска, директор на Училиштето.

Можете да прочитате

Семејствата на загинатите во „Пулс“ бараат финансиска помош и снимање на судската постапка

Платата на пилотите во ДЗС покачена за 100 отсто како дополнителен мотив, кажа Ангелов

На сред судење вербално нападната судијката која одлучува по спорниот случај со мајката Невена