Утрински Весник
Македонија

Агелер: Се размислува за внесување на нови имиња во „црната листа“

Angela Ageler.jpg
Dik 300x250 mk

Амбасадорката на САД во Северна Македонија, Ангела Агелер, денеска објави дека американската „црна листа“ на македонски граѓани е многу динамична и дека постојано се разговара и разгледува нови имиња. Сепак, таа рече дека нема краен рок до кога ќе бидат објавени.

„Тоа е одлука на Вашингтон, но можам да ве уверам дека додека зборуваме овде, се разгледуваат одреден број имиња. Секогаш работиме на нови имиња и ќе ги откриете со време“, изјави денеска Агелер во рамките на Конференцијата за борба против корупцијата во Западен Балкан.

Досега на оваа листа се најдоа многу имиња на политичари и бизнисмени од земјава и нивните семејства. Стејт департментот во март годинава на црна листа ги стави градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски и поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, како и нивните семејства, на кои им е забранет влез во САД.

Минатата година на црната листа беа ставени градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, Кочо Анѓушев, Сергеј Самсоненко, Орце Камчев, Ратка Камчева, Сашо Мијалков и Никола Груевски.

Можете да прочитате

ДКСК препорача усогласување на терминологијата во ИЗ заради рамноправен пристап до платено политичко рекламирање

Мециновиќ: Сите 60.000 луѓе кои ни го дадоа гласот, следните две и пол години имате глас во Собранието – се враќаме во Парламентот уште посилни

Исчезнати две малолетни деца во Скопје