Утрински Весник
Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Промените во здрвството кон квалитетни и навремени услуги започнуваат со грижата за здравствените работници и покачувањето на платите од над 40% во еден мандат

Vmro.webp.webp

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО ДПМНЕ:

Трансформацијата на здравствениот систем во Македонија започна со потпишувањето на Колективниот договор за зголемување на платите на здравствените работници, 2,450 денари поголеми плати за сите во здравството и 3,850 денари за медицинските сестри.

Исплатата на овие покачувања кон вработените ќе почне веќе од ноемвриската плата.

Со Владата на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните конeчно ќе добијат квалитетни и навремени здравствени услуги.

Со Владата на ВМРО-ДПМНЕ следуваат реформи и трансформација на здравствениот  систем.

ВМРО-ДПМНЕ се грижи и го вреднува трудот на здравствените работници со цел подобрување на услугите во здравството и пациентите како крајна цел.

Планот за зголемување на платите започнува во 2024 година, а средствата за плати во здравството се покачуваат за 10% и овие покачувања ќе траат во текот на целиот мандат на оваа Влада. Вработените во здравството добиваат покачување на платите од 40 до 50 проценти во следните четири години.

Следната 2025 во март месец ќе има дополнителни 5% зголемување на платите, наредната 2026 година зголемувањето ќе е од 5-7 %, истото зголемување од 5-7% ќе биде и во 2027, а од 7-10 % ќе биде зголемувањето во 2028 година.

Со владата на ВМРО-ДПМНЕ стартува модификација и реформи во здравствениот систем, подобрување на услугите и грижа за пациентите.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја врати довербата на пациентите во здравствениот систем.

Можете да прочитате

Мијалков му беше главен ментор на Груби, вели Изет Меџити

Македонската царина заплени 114 автоделови вредни илјадници денари

Судиите Аритон Ала и Данка Ристова избрани за нови членови на Судскиот совет