Утрински Весник
Македонија

Шекеринска се заблагодари на честитките: Пред мене е одговорност која бара целосна посветеност и работа

Sekerinska Nato.jpg

Радмила Шекеринска, новиот заменик генерален секратар на НАТО, на својот Фејсбук профил се заблагодари на честитките што ги доби по назначувањето.

Во својата објава таа истакна дека пред неа е одговорност која бара целосна посветеност и работа на теми кои се клучни за глобалната безбедност и стабилност.

„Драги пријатели,

Од срце ви благодарам за сите честитки, пораки и зборови на поддршка по повод моето назначување за заменик генерален секретар на НАТО. Вашите искрени честитки многу ми значат и ми даваат дополнителна сила и мотивација за предизвиците кои претстојат.

Се извинувам што не можам да одговорам на сите ваши пораки поединечно.

Пред мене е одговорност која бара целосна посветеност и работа на теми кои се клучни за глобалната безбедност и стабилност. Ќе продолжам да се залагам за вредности кои го зацврстуваат мирот, соработката и интеграцијата меѓу земјите членки на НАТО, но и да ја претставувам Северна Македонија со гордост на оваа висока меѓународна позиција.

Секој ваш збор на поддршка е и потсетник дека успехот не е само личен, туку е и успех за нашата држава. Заедно покажуваме дека Северна Македонија има што да понуди на глобално ниво.

Ви благодарам од срце! Вашата поддршка ми значи многу“ стои во објавата.

Можете да прочитате

СДСМ: Цените повторно растат, а Владата реши да ги покачи платите само на функционерите

Владата со порака за Кочани: Ова е заедничка борба, ниту повредените, ниту семејствата на починатите не се сами

Парламентарниот карван ја завршува обиколката низ општините во земјава