Утрински Весник
Македонија

Цел свет ѝ честиташе на Шекеринска, освен македонскиот државен врв

Sekerinska Nato.jpg
Dik 300x250 mk

Радмила Шекеринска ќе биде новата заменик-генерална секретарка на НАТО, за што доби честитки од сите сојузници од НАТО, вклучително и соседните земји. Тоа што изостана во текот на денот е честитка од највисокиот државен врв во земјава.

Ова е највисока позиција на која е назначен македонски функционер во историјата на државата, но очигледно тоа е недоволно за претседателката, премиерот и министрите за одбрана и надворешни работи.

Честитка дојде и од американската амбасадорка Ангела Агелер, која на социјалните мрежи ги прозва Владата и Мицкоски за поддршката на нејзината кандидатура. Агелер исткна дека назначувањето на Шеќеринска на оваа позиција е вистински доказ за нејзината експертиза и искуство.

Изборот на Шекеринска ѝ го честитаа и од соседните земји, а честитка дојде дури и од бугарскиот претседател Румен Радев, кој порача дека очекува нејзиното назначување да придонесе кон зајакнувањето на колективната безбедност и сигурност на Алијансата.

Шекеринска на социјалните мрежи порача дека ќе ѝ биде чест да служи како заменик-генерална секретарка на НАТО и дека ќе работи со сите сојузници за посилна и побезбедна Алијанса.

Можете да прочитате

Новата работна недела ја почнуваме со многу повеќе сонце и со суво време

ВМРО-ДПМНЕ води во 52 општини, СДСМ во 9, ВРЕДИ во 8 и НАИ во 5 општини

Мицкоски: Победа во над 30 општини, Орце води убедливо во Скопје