Утрински Весник
Македонија

ДОМ: Aпел до пратениците за обезбедување буџетски пари за чистење на линданот во ОХИС

Lindan Vo Burinja Vo Ohis.jpg

Зелената партија Демократска Обнова на Македонија – ДОМ како вонпарламентарна партија побара од пратениците да поднесат амандмани на буџетот за 2025 година во делот на обезбедување средства за довршување на ремедијацијата на малата депонија со линдан во ОХИС нешто што ќе чини околу 7 милиони евра.

Од партијата велат дека сакаат да укажат дека актуелното загадување на амбиенталниот воздух во комбинација со емисиите на канцероцени честички од депоните во кругот на ОХИС е “канцерогена бомба” која предизвикуваат малигни заболувања кај граѓаните на метрополата и пошироко.

Владата во буџетот за 2025 година на Министерството за животна средина испланирала средства за довршување на малата депонија во ОХИС во висина од само 35 милиони денари или 500.000 евра, се вели во реакцијата на партијата од каде очекуваат пратениците да покажат повисока свет.

Можете да прочитате

Земјотрес вечерва северозападно од Скопје, почувствуван во Тетово и околината

Мицкоски: Можно е нелегалното производство на канабис да достигне и до 100 тони 

Заев: Барам јавно извинување од Петрушевски и ВМРО-ДПМНЕ – во спротивно ќе поднесам тужба за клевета