Утрински Весник
Свет

Ким Џонг Ун ја повика војската да се подготви за војна

Ctujwfw49cqkhopzht1b.webp.webp

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја повика војската на неговата земја да ги фокусира сите напори на завршување на воените подготовки, јави денеска државната новинска агенција КЦНА.

КЦНА објави дека Ким го опишал Корејскиот полуостров како „најголемото жариште на светот“, во говорот одржан пред командантите на баталјоните во Пјонгјанг во петокот.

Ким, исто така, ги обвинил САД и Јужна Кореја дека ги довеле тензиите на полуостровот „до најлошата фаза во историјата“.

„Фајненшл тајмс“, цитирајќи извори, во саботата објави дека Северна Кореја сега ја поддржува Русија во нејзината војна против Украина не само со војници и муниција, туку и со тешка артилерија.

Според извештајот на британскиот весник, околу 50 самоодни хаубици M1989 Koksan и речиси 20 повеќекратни ракетни фрлачи произведени во Северна Кореја пристигнале во Русија во последните недели.

Американскиот Стејт департмент неодамна тврдеше дека илјадници севернокорејски војници активно се борат заедно со руските сили во пограничниот регион во близина на Курск, каде што се ангажирани против украинските трупи.

Извештаите на јужнокорејското разузнавање дополнително сугерираат дека Северна Кореја распоредила над 10.000 војници во Русија, покрај тоа што доставувала артилериска муниција за руските сили.

Зголемената воена соработка меѓу двете земји е зацврстена преку неодамна потпишаниот договор, кој вклучува меѓусебен одбранбен пакт, потсетува ДПА.

Можете да прочитате

Акција „Моби Дик“: Во ЕУ 43 лица осомничени за мегаданочно затајување од 520 милиони евра

Германија го доби првиот од новите борбени хеликоптери за армијата

Маскирани двајца крадци упаднале во замокот „Виндзор“