Утрински Весник
Спорт

Ужасни сцени во Амстердам, реанимиран член на стручниот штаб на унгарската репрезентација

1731787516 1053959755.jpg

Натпреварот од петтото коло од групата 3, во А дивизијата во Лигата на нации на УЕФА, во Амстердам меѓу Холандија и Унгарија, на кратко беше прекинат бидејќи му се слоши на еден член на стручниот штаб на Унгарија.

Во седмата минута од натпреварот судијата Хесус Хил Манзано го прекина натпреварот кога забележа дека на некој на клупата на Унгарија му се слоши.

Откриено е дека е Адам Шалаи, поранешен репрезентативец кој сега е член на стручниот штаб.

Лекарските екипи веднаш реагирале, го реанимирале, а подоцна бил изнесен на носилки. Натпреварот продолжи по паузата од 10 минути.

Можете да прочитате

Олгун Ајдин го напушта Шкупи

Гвардиола ќе остане во Сити уште една сезона

Фриц преку Зверев до финалето на завршниот Мастерс