Утрински Весник
Балкан

Висока корупција во здравството: Хрватскиот министер Берош приведен

Img 7036.jpeg

Хрватскиот уред за сузбивање на корупцијата и организираниот криминал денеска го уапси министерот за здравство Вили Берош како дел од голема акција против корупцијата. Премиерот Андреј Пленковиќ веднаш го разреши од функцијата, изразувајќи згрозеност од настаните.

„Не сум запознат со деталите, но очигледно станува збор за кривични дела поврзани со корупција. Ова е чин на предавство кон граѓаните и државата. Целосно ја поддржувам истрагата,“ изјави Пленковиќ.

Европското јавно обвинителство објави дека акцијата е насочена против Берош и уште седум лица, меѓу кои се споменуваат контроверзниот бизнисмен Хрвоје Петрач и неговите синови, Новица и Никола. Петрач не е уапсен бидејќи моментално не се наоѓа во Хрватска. Берош се товари за земање мито од 75.000 евра во набавка на медицински апарати за три болници.

„Целта на криминалното здружување била манипулација со јавни набавки за осигурување на договори за медицински роботски апарати,“ соопшти Европското јавно обвинителство.

Можете да прочитате

Црна Гора привремено го затвора Поглавјето 21 во преговорите со ЕУ

 Над 800 возачи вратени од Шенген зоната

Албанија го прогласи Иран за спонзор на тероризмот