Утрински Весник
Балкан

Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Screenshot 2024 11 15 200804.jpg

Бродот „Принцот од Задар“ вечерва се насука во близина на хрватскиот остров Премуда.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, бродот удрил во гребен пред островот, кој е прва станица на неговата рута.

Се додава дека во бродот има околу 50 патници. Набрзо на помош пристигнале и бројни мештани кои ги префрлиле патниците кои чекале со елеци за спасување во приватни чамци. Патниците го чекаат траектот Јадролинија, кој беше на пат кон Задар.

Станува збор за брод кој го поврзува Задар со Премуда, Силба и Олиба.

Можете да прочитате

Вучевиќ: Собрание на СНС на 13 декември го предлагам Александар Вучиќ за нов претседател на партијата

(Видео) Редици пред филијалите на Алта Банка- граѓаните брзаат да си ги подигнат парите

Белградски адвокат: Очекувам апсење на Вучиќ