Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Криминалните пресметки во Скопје тема и во регионалните медиуми, несподобноста на Тошковски далеку се слуша

1729964432 Sdsm.jpeg
Dik 300x250 mk

Интегрален текст од соопштение на СДСМ:

Криминалните пресметки во Скопје станаа регионална тема, за настанот со фрлената бомба во Керамидница информации објавуваат српските и хрватските медиуми.

Негативните вести за криминалните банди во Македонија и за неспособноста на Тошковски далеку одекна и надалеку се слуша.

Загрижува нарушената безбедност на граѓаните откако Тошковски е на чело на МВР.

Како да сме Див Запад, крвавите пресметки на криминалните банди станаа секојдневие на улиците. Над 25 инциденти со огнено оружје се случија, криминалното подземје не се плаши од Тошковски туку смета токму на неговата неспособност.

Иако нападот со бомба во Керамидница бил најавен на Тик Ток уште на 30 септември МВР на Тошковски не презело ништо за да превенира и да го спречи и дозволи да се загрози безбедноста и сигурноста на граѓаните.

Тошковски што нема капацитет да ги заштити граѓаните, станува збор за најнеспособниот министер за внатрешни работи досега.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски откри дека 371 вработени се отпуштени од работа, се истражуваат големи малверзации во Комунална хигиена

Сторијата „По трагите на Јулија“ на 360° ја доби првата награда на ЕУ за истражувачко новинарство

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош