Утрински Весник
Свет

Оваа земја повеќе нема да ги поместува стрелките на часовникот

Zimsko Smetanje Na Vreme.jpg

Откако законот беше сменет во јули, Украина одлучи трајно да го задржи тековното зимско сметање на времето, познато и како стандардно или средноевропско време. Тоа значи дека транзицијата кон летното сметање на времето во Украина повеќе нема да се случува- за сите други земји кои сè уште ги поместуваат часовниците, тоа ќе се случи на 30 март 2025 година.

Одлуката на Украина има неколку причини- д една страна, промената на времето влијае на биоритмите на луѓето, што негативно се одразува на нивната физичка и психолошка состојба, објави агенцијата Интерфакс.

По промената на времето граѓаните се чувствуваат полошо, им се намалува работната способност, а има значително влошување на хроничните заболувања, се наведува во образложението на законот.

Исто така, не е утврдено дека менувањето на времето носи заштеда на енергија. Во минатото, многу земји-членки на ЕУ воведоа промени во времето со цел да заштедат енергија и подобро да ја искористат дневната светлина. Меѓутоа, денес не е јасно дали тоа навистина резултирало со заштеди.

Украина ја објасни оваа одлука со тоа што сака да се дистанцира од својот воен непријател Русија:

Затоа, воведувањето и воспоставувањето на единствено киевско време низ Украина ќе ја зајакне безбедносната позиција на Украина и ќе придонесе за евакуација и реинтеграција на привремено окупираните области“.

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме