Утрински Весник
Скопје

Групацијата на авто-такси превозници на Град Скопје демантира поскапување на такси превозот

Image 218704.jpg

Претседателот на Групацијата на авто-такси превозници на Град Скопје, Сашо Рајчановски, демантира дека таксистите побарале зголемување на цените за такси превозот, тврдејќи дека ваквите информации што кружат во медиумите се неточни и можат да создадат забуна кај граѓаните.

„Таксистите немаат доставено барање до Советот на Град Скопје за повисоки цени, бидејќи во моментов нема таква потреба. Тарифите ги регулиравме пред две години, кога ставивме три различни тарифи во таксиметрите, така што сега сите возат по втората. Ако некоја компанија сака да вози по трета тарифа, може да го промени ценовникот во возилото,“ истакна Рајчановски, додавајќи дека дезинформациите најверојатно потекнуваат од неинформирани лица.

Скопските таксисти во моментов користат втората тарифа, која подразбира стартна цена од 50 денари и 30 денари по километар. Според претходно донесената одлука на Град Скопје, оваа тарифа е валидна кога цената на горивото е од 75,50 до 119,50 денари за литар. Третата, највисока тарифа, предвидува старт од 60 денари и 35 денари по километар, и важи само ако цената на горивото надмине 120 денари за литар.

Можете да прочитате

Заврши поставувањето на новите топловодни цевки под мостот „Беласица“

Посебен режим на сообраќај денес во Скопје

Еднократна парична помош, 2.500 денари за пензионери во социјален ризик и приматели на социјална помош, најави Герасимовски