Утрински Весник
Балкан

Откриена опасна бактерија во пилешко месо во Хрватска

Zamrznato Pilesko Meso.png

Во пилешкото месо од Босна и Херцеговина, кое се продава во Хрватска, откриена е бактеријата Salmonella enteritidis, која претставува сериозен ризик за здравјето, соопшти Европскиот систем за безбедност на храна.

Станува збор за филети од пилешки гради, а бактеријата е откриена во примерок земен на 17 октомври во Хрватска.

Сепак, известувањето за заразеното месо беше објавено дури на 13 ноември, речиси еден месец по земање мостри, што предизвика загриженост во јавноста за потенцијалното ширење на инфекцијата.

Според информациите достапни од Европскиот систем за брзо предупредување во трговијата со храна, поради временскиот јаз помеѓу земање мостри и објавување на наодите, многу е веројатно дека заразеното месо повеќе не се наоѓа на полиците во Хрватска. Се претпоставува дека производот веќе воглавно е потрошен, но ситуацијата е сè уште сериозна бидејќи е познато дека салмонела ентеритидис предизвикува различни здравствени проблеми.

Можете да прочитате

Петер Маѓар предложи проширување на Вишеградската група и со земјите од Западен Балкан

Пет земји членки на ЕУ предлагаат постепена интеграција на Западен Балкан во единствениот пазар

Суспензија за полицајци во Косово – биле затекнати голи во службено возило