Утрински Весник
Свет

Над 800 милиони луѓе во светот имаат дијабетес

20241114084907 Big 730x400 41.webp.webp

Повеќе од 800 милиони возрасни луѓе во светот имаат дијабетес, што е двојно повеќе од претходните процени, а повеќе од половина од нив на возраст од 30 и повеќе години не се лекуваат, покажа новото истражување на медицинскиот списание „Лансет“ (The Lancet).

Во светот во 2022 година околу 828 милиони луѓе над 18 години биле заболени од дијабетес од типот 1 и 2. Во студијата е наведено дека кај возрасните лица над 30 години, односно 445 милиони или 59 отсто од нив не се лекуваат од дијабетес.

Глобалната стапка на дијабетес се удвои од 1990 година од околу седум на 14 проценти, главно поттикната од зголемувањето на случаите во земјите со низок и среден приход.

Светската здравствена организација (СЗО) претходно процени дека околу 422 милиони луѓе ширум светот имаат дијабетес, хронична метаболистичка болест која вклучува покачени нивоа на шеќер во крвта што може да го оштети срцето, крвните садови, нервите и другите органи доколку не се лекува.

Можете да прочитате

Оваа земја повеќе нема да ги поместува стрелките на часовникот

Токсичниот смог во Индија го покри Таџ Махал, летовите во Њу Делхи беа одложени

Рамасвами и Маск со план за укинување на ФБИ и масовно отпуштање владини службеници