Утрински Весник
Македонија

Изгасен пожарот на Беласица – 24info.mk

Pozarna Pozarnikari.jpg

Регионалниот ЦУК Струмица, известува дека шумскиот повеќедневен пожар што започна на 10 ноември годинава во подножјето планината Беласица помеѓу селата Смолари и Мокрино во општина Ново Село е ликвидиран. Зафатена била површина од околу 20 хектари.

Вчера на терен беа седум вработени и две теренски возила од ЈП „Национални шуми“ подружница „Беласица“ – Струмица.

Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Струмица од 12.16 до 13.10 часот со четворица пожарникари и едно противпожарно возило гаснеле запалена ниска вегетација, капини и тополи во село Робово во општина Струмица.

Можете да прочитате

Муцунски утре на отворање на Економскиот бизнис форум меѓу Македонија и Словачка

Костадиновска-Стојчевска до Алиу: Зошто се кратат пари за пациентите со ретки болести 

Учество на министерот Муцунски на состанок за Коридор 8, Тирана, Албанија