Утрински Весник
Македонија

Доизградба на колекторот на Охридското езеро и современ центар за отпад бара Левица со амандмани

Levica.webp.webp

Интегрален текст од соопштение за јавност на Левица:

Поради катастрофалната состојба во однос на заштитата на животната средина во која се наоѓа Македонија, пратеничката од Левица, Јована Мојсоска поднесе амандмани кон владиниот предлог-буџет за 2025 година, кои се однесуваат на проекти кои со години се најавуваат, но ниту една влада не ги реализирала.

Дел од амандманите со кои Левица бара да се интервенира во Предлог-Буџетот се:

1. Доизградба и реконструкција на колекторскиот систем на Охридското езеро, со цел целосно затворање на колекторскиот систем;

2. Дислокација на дивата депонија Буково и преземање мерки за ревитализација на земјиштето;

3. Дислокација на дивата депонија во Струга и преземање мерки за ревитализација на земјиштето;

4. Отпочнување на изградба на современ центар за рециклирање отпад во Југозападниот плански регион, проект кој веќе 10 години е заглавен во бирократски процедури. 

Сметаме дека со ваквите амандмани ќе се санираат најгорчливите проблеми на населението од овој регион, со оглед на опасноста на која се изложени поради честото палење на дивите депонии, во кои се складира неселектиран и опасен отпад. Овие диви депонии се еколошки катастрофи, додека незаинтересираноста на сите власти досега, дополнително го загрозува здравјето на обичните граѓани. 

Дополнително, заштитата и грижата за Охриското езеро како најзначајно природно богатство во Македонија, мора да биде врвен приоритет на секоја власт. Проблемот со излевање на загадени материи во Охридското езеро директно го загрозува неговиот биодиверзитет, специфичност и природни карактеристики. Токму доизградбата на колекторскиот систем до 2025 година е дел од Планот за управување со Охридскиот регион. 

Поради тоа, сметаме дека средства за доизградба на колекторскиот систем на Охридското езеро мора да се предвидени во Буџетот за 2025 година, поради опасноста и ризиците од пролонгирањето на овој проект. Бидејќи премиерот Мицкоски во предизборието најавуваше реконструкција на колекторскиот систем на Охридското езеро, очекуваме владејачката коалиција да ги прифати амандманите на Левица, со цел реализација на проектите кои беа ветувани токму од нив.

Левица со ваквите амандмани интервенира во решавањето на долгогодишни проблеми, со цел подобрување на квалитетот на животот на народот и основна заштита на животната средина и нашите природни богатства.

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер